Агеласт, највлијателниот и најслушан подкаст на Балканот, ќе гостува во Скопје на 31 мај (сабота), во Јавна Соба со почеток од 20:30 часот.

Агеласт, највлијателниот и најслушан подкаст на Балканот, ќе гостува во Скопје на 31 мај (сабота), во Јавна Соба со почеток од 20:30 часот.

Тимот на „Агеласт“, предводен од авторот и водител Галеб Никачевиќ, го пренесува своето поткаст искуство во живо, давајќи им на сите присутни ретка можност да се сретнат со екипата која стои зад еден од највлијателните медиуми на Балканот.

„Агеласт“ го освежи медиумскиот простор, создавајќи нова платформа за отворен и директен разговор за важни општествени теми, од политика и култура до лични приказни и актуелни проблеми. Настанот во Скопје ќе понуди уникатен увид во процесот на продукција, креативните потези и најзапаметените моменти од повеќе од 200 епизоди. Публиката ќе има можност да учествува во разговорот, да поставува прашања и да се вклучи во дискусијата.

Настанот ќе понуди и простор за неформални разговори, каде присутните ќе можат да разменат мислења со водителот и екипата на подкастот, а за љубителите на подкаст културата ова ќе биде неверојатна прилика да се запознаат со задкулисите на работата што стои зад „Агеласт“.

Влезот за настанот е ограничен, а картите се достапни преку платформата anekta.mk

Ова е втор настан на Anekta events по успешниот настап на Њуз Нет, кој исто така ги собра љубителите на новинарството и медиумските иновации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни