Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранскиот напад врз Тел Авив

Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска потврди дека хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени во ноќешниот ирански напад врз Тел Авив.

Како што објави шефот на хрватската дипломатија на X, тие се повредени откако зградата каде што живеат била погодена од иранска ракета.

– Разговарав со нив лично, и за среќа повредите се полесни и не се опасни по живот, објави Грлиќ Радман. Тој додаде дека Министерството за надворешни и европски работи е во постојан контакт со амбасадата и дека се преземаат сите мерки за да се гарантира безбедноста на хрватските граѓани во Израел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни