Хрватската Влада со нови мерки: Ограничување на цените на храна и основни производи

Хрватската Влада донесе одлука за воведување директна контрола врз цените на одредени производи во малопродажбата, проширувајќи го списокот на стоки со ограничени цени од 30 на 70 артикли.

Министерот за финансии Марко Приморац изјави дека високото ДДВ не е главен фактор за растот на цените, потсетувајќи дека владата во 2022 година ја намали стапката на ДДВ на 5 отсто за клучни прехранбени производи како леб, млеко, месо и зеленчук.

Законот за вонредни мерки за контрола на цените ќе стапи во сила од 7 февруари, а трговците ќе имаат седум дена да ги усогласат цените и да ги обележат производите со замрзната цена.

Во меѓувреме, некои трговски синџири самостојно најавија намалување на цените на стотици производи, реагирајќи на зголемените критики и повиците за бојкот од страна на граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни