Хрватската полиција со дронови почна да „лови“ несовесни возачи

Дроновите, кои ги управуваат специјално обучени службеници, го следат сообраќајот од воздух со цел побрзо и попрецизно да се откриваат прекршоци

Денес во Хрватска од 10 до 16 часот, на патиштата низ целата земја се спроведува голема полициска операција на зголемена контрола на сообраќајот.

Покрај целата достапна технологија, полицијата користи и дронови за следење на однесувањето на возачите од воздух, сето тоа со цел зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сериозни несреќи, соопшти Полициската управа.

За време на шестчасовната кампања, објави Полициската управа, максималниот број полицајци ќе биде на патиштата низ цела Хрватска, со целата расположлива опрема – од радарски уреди до дронови. Дроновите, кои ги управуваат специјално обучени службеници, го следат сообраќајот од воздух со цел побрзо и попрецизно да се откриваат прекршоци, објави полицијата.

Кои прекршоци се во фокусот на полицијата?

Полицијата ќе се фокусира на санкционирање на најчестите и најопасните прекршоци што доведуваат до сериозни несреќи. Тука спаѓаат пребрзо возење, возење под дејство на алкохол и дрога, некористење безбедносни појаси и детски седишта и користење мобилен телефон при возење.

Посебно внимание ќе се посвети и на возачите на мопеди и мотоцикли, првенствено за прекршоци како што се поминување на црвено светло и неправилно престигнување, се вели во соопштението.

Полициската управа предупредува на загрижувачка статистика. Од почетокот на оваа година, на хрватските патишта загинале 228 лица, што е за 24 повеќе отколку во истиот период минатата година. Ова е зголемување од речиси 12 проценти, што, велат тие, е јасен сигнал дека безбедносните мерки мора да се зајакнат.

„Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и доследно да ги почитуваат сообраќајните прописи со цел да се заштити секој живот на нашите патишта“, соопшти полицијата.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни