Хрватската народна банка со нова монета од 6 евра

Хрватската народна банка (ХНБ) на својата седница ги разгледа макроекономските движења и прогнози за земјата и го усвои Финансискиот план за 2025 година.

Најинтересната одлука е издавањето на сребрена нумизматичка монета од 6 евра со наслов „Црна гуштерица“ во ултрависок релјеф. Монетата ќе го истакнува мотивот на ендемската подврста „брусничка карпеста гуштерица“ (Podarcis melisellensis melisellensis), дел од природното наследство на Хрватска. Оваа гуштерица живее на островчето Брусник, заштитен геолошки споменик на природата.

Монетата е симбол на природната убавина и биолошката разновидност на Хрватска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни