Хрватската дијаспора го поддржа Приморац и ХДЗ, но Милановиќ доби мнозинство гласови во Србија и Македонија

Милановиќ добил повеќе гласови од Приморац и од хрватските гласачи на Косово, во Црна Гора, Северна Македонија и Словенија, но во БиХ Приморац добил речиси три пати повеќе гласови.


Зоран Милановиќ, e новиот стар претседател на Хрватска, покажуваат резултатите од вториот круг на претседателските избори кои се одржаа вчера. Хрватската дијаспора, сепак, мнозински гласала за кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, додека Милановиќ го доби мнозинството во Србија и во уште неколку земји во регионот.

Меѓу гласачите кои во вториот круг на изборите за претседател на Хрватска гласаа во Србија, актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП) Зоран Милановиќ добил повеќе гласови од кандидатиот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац.

Според податоците објавени од хрватската Државна изборна комисија, по пребројувањето на сите гласови, Милановиќ добил 396, а Приморац 365 гласови од гласачите кои гласале во Србија.

Милановиќ добил повеќе гласови од Приморац и од хрватските гласачи на Косово, во Црна Гора, Северна Македонија и Словенија, но во БиХ Приморац добил речиси три пати повеќе гласови.

Во целост, Приморац убедливо победил Милановиќ на избирачките места во странство, со 13.644 гласови наспроти 6.691, со скоро 90 отсто обработени избирачки места.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни