Хрватска во снег- колапс на патиштата низ целата земја



Хрватска е затрупана од снег. Како што најавија метеоролозите, почетокот на неделата донесе значителен студе и снег, дури и на низините. Најмногу снег падна на автопатиштата A1 и A6, а ХАК известува дека е во тек чистење и посипување на коловозот, а на некои патишта се вози побавно поради возилата на зимската служба кои се движат побавно.

Поради бура, утрово беше затворен автопатот A1 Загреб-Плоче-Караматиќи меѓу чворовите Свети Рок и Поседарје. Поголемиот дел од државните патишта низ Лика се затворени за сите категории возила поради снежни навеви и бура.

На приморјето дува олујна бура. Во прекин се наоѓаат бројни траектни, катамарански и бродски линии. Можна е појава на појак мраз, особено на мостовите и надвозниците во внатрешноста. Возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината и начинот на возење на условите на патиштата, да не тргнуваат без зимска опрема и, ако е можно, да го одложат патувањето до подобрување на временските услови.

Заради зимските услови и бурата, моментално нема слободен пат за камиони со приколки и во правец на Риека/Истрија и Далмација и обратно, објави ХАК.

Хрватските хидрометеролошки служби најавија дека може да падне повеќе од 20 см снег, а локално и повеќе од 50 см поради навеви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни