Хрватска воведува 24/7 биометриски проверки од 10 април: Дали ќе има гужви на границите?

Од 10 април, Хрватска воведува целодневни биометриски проверки на границите, а ETIAS системот ќе биде задолжителен до крајот на 2026 година. Патниците можат да очекуваат поголема безбедност без значителни гужви.

Хрватска од 10 април ќе воведе целодневни, 24/7 биометриски проверки на граничните премини, со што ќе се забрза и подобри безбедноста на патниците и товарниот сообраќај. Оваа мерка доаѓа заедно со подготовките за системот ETIAS, електронска дозвола за патување, кој треба да биде задолжителен до крајот на 2026 година.

Граѓаните на регионот се загрижени дека новиот систем може да предизвика долги редици и гужви. Денис Кукец, помошник-началник на Службата за соседни земји на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, истакнува дека властите презеле сите мерки за да се минимизираат забавувањата и дека новиот систем нема да се почувствува драстично во споредба со претходните години.

„Протокот на сообраќај ќе се одвива нормално. Во шпицот ќе бидат ангажирани повеќе полицајци, а патниците ќе можат да ги користат повеќето ленти за проверка, така што не очекуваме колапс на границите“, објасни Кукец. Тој додава дека тесни грла постојат само на одредени премини, но патниците ќе бидат пренасочувани кон алтернативни премини за да се избегнат гужви.

Системот ETIAS, кој треба да започне со примена до крајот на 2026 година, ќе бара онлајн регистрација и потврда за овластување за патување. Цена на дозволата ќе биде 20 евра и ќе важи три години. Ако патникот не поседува овластување на граничната контрола, ќе му биде одбиен влез во ЕУ, без оглед на другите критериуми.

Кукец нагласи дека сите протести од превозници од БиХ и Србија се насочени кон Брисел, бидејќи Хрватска само ги спроведува прописите на Европската унија, а не може да делува надвор од нив. Во меѓувреме, полицијата има добра соработка со соседните земји за да се осигури непречен проток на патници и товар.

„Патниците ќе треба да планираат патување однапред и да ги следат информациите за гужвите на премините, но нема да се соочат со значителни одложувања“, додаде Кукец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни