Хрватска треба да ја признае Палестина, рече Милановиќ во ООН

Тоа не е никаква награда или концесија за Палестинците, тоа е нивно право кое произлегува од Првата резолуција 181 од ноември 1947 година, рече Милановиќ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во седиштето на ООН во Њујорк рече дека Хрватска треба да ја признае палестинската држава, истакнувајќи дека тоа не е награда за Палестинците, туку нивно право, соопшти неговиот кабинет.

Палестина треба да се признае, тоа треба да го направи и Хрватска. Кога тоа ќе се случи зависи од предлогот што ќе дојде од Владата во Собранието, јас ќе го поддржам, рече Милановиќ синоќа по учеството на Меѓународната конференција за мирно решение на палестинското прашање и спроведување на решението за две држави.

Се согласивме со она што беше кажано и ја поддржавме таа декларација, додаде тој.

Милановиќ коментираше и за признавањето на Палестина од Франција, што на конференцијата го објави францускиот претседател Макрон.

– Тоа не е никаква награда или концесија за Палестинците, тоа е нивно право. Тоа право произлегува од Првата резолуција 181 од ноември 1947 година. Целата трагедија на Палестина и палестинскиот народ треба да се гледа во контекст на настаните во изминатите сто години, рече тој и додаде дека „Палестина одамна требаше да има своја држава“.

На прашањето дали признавањето на палестинска држава ќе донесе промени, особено по изјавата на израелскиот премиер дека нема да дојде до создавање палестинска држава, Милановиќ рече дека „Израел ќе продолжи да убива, тоа е убиствен режим кој заклучил дека може да го прави тоа додека има заштитник“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни