Хрватска синоќа ги победи Фарските Острови со 3:1 и се пласираше на Светското фудбалско првенство 2026 година. Ова е голем успех за хрватскиот национален тим, кој со ова стана 30. учесник на Мундијалот следната година.
Досега пласман на СП 2026 обезбедија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелено’ртските Острови, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција и сега Хрватска.
Следното Светско првенство ќе се одржи во Канада, САД и Мексико, а за првпат на турнирот ќе учествуваат 48 репрезентации, што ќе донесе уште поголема конкуренција и возбудливи натпревари. Хрватската репрезентација ќе се обиде да повтори добри резултати од минатите натпреварувања и да се избори за висок пласман на Мундијалот.
