„Дали тоа ќе бидат мали модуларни реактори или класична нуклеарна електрана ќе одлучат стручњаците. Со изградба на електрана на сопствена територија добиваме геополитичка и безбедносна предност. Тоа е патот по кој мораме да одиме“, изјави министерот за економија Анте Шушњар за Нови лист.
Во февруари беше формирана работна група за подготовка на закон за нуклеарна енергија, а како најреална опција се споменуваат малите модуларни реактори, кои би можеле да се изградат во рок од десет години.
Според експертот за нуклеарна енергија Тончи Тадиќ, сите земји членки на ЕУ размислуваат за модуларни реактори, па тој оценува дека Хрватска направила „прав чекор во вистинско време“.
Хрватска преку државната компанија ХЕП поседува половина од управувачката структура на нуклеарната електрана „Кршко“, додека другата половина е во сопственост на словенечката компанија GEN енергија.
Извор: Forbes.N1info.rs