Снег паѓа во Горскиот котар и Лика, како и во дел од копнената Хрватска – од Загорје, Меѓимурје до Славонија. Јак ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот руши дрвја и телефонски столбови. А во прекин се и голем број бродски линии.
Сообраќајот на неколку делници е запрен или отежнат, а температурата падна на -15 степени Целзиусови. Висината на снежната покривка е 10 до 15 сантиметри.
Се апелира на внимателно возење на сите делници, особено на оние планинските.