Хрватска: Пирамида што го ограби народот – сведоштво на инвеститор

Додека се очекуваат првите резултати од полициската истрага за пирамидалната шема во која илјадници Хрвати го загубија својот вложен капитал, еден од инвеститорите реши анонимно да ја сподели својата приказна за Нова ТВ.

„Преку пријател влегов во таа IG investment group, се влегува преку препорака, добиваш линк и се пријавуваш. Потоа се приклучуваш на групите на Телеграм“, раскажува тој.

На почеток, сè изгледало професионално – ветувања за бонуси, дневни сигнали, графикони со „заработка“. Сепак, зад сè стоел еден човек, познат како „професор Лео Смит“.

„Тој главниот Лео тргуваше, ние му дозволувавме да управува со еден процент од нашите пари. Сè беше прекрасно додека не се прекина целата работа“, додава анонимниот инвеститор.

Кога видел дека други заработуваат, влегол и тој со 3.000 евра. „Се удвоив, ги извадив парите, но системот почна да паѓа. Пораките беа на хрватски, совршен јазик, сè изгледаше легитимно. Сè уште не ми е јасно како функционираше, толку добро беше направено“, вели тој.

Стручњаците предупредуваат дека ваквите шеми ги таргетираат луѓето кои сакаат да веруваат и брзо се привлекуваат од ветувањата за голема заработка.

„Лесно е да се гледа од страна и да се каже дека луѓето се наивни, но треба да се разберат жртвите, многу од нив немаат друг избор и ќе се обидат со сè, дури и да наседнат на измама“, објаснува безбедносниот експерт Ален Делиќ.

Додека полицијата ја истражува старата шема, веќе се создадени нови групи. „Сега е понудена нова група, мислам дека се работи за злато и девизи. Претерано добро за да биде вистина – но, тоа е. Другите луѓе веројатно беа убедени дека проектот е легитимен, иако всушност не бил“, заклучува анонимниот соговорник.

Министерството за внатрешни работи соопшти: „Полицијата спроведува кривична истрага, а во овој момент, почитувајќи ја тајноста на истрагата, не можеме да дадеме повеќе информации.“

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни