Хрватска ќе воведе мерки за справување со ценовниот шок

Пленковиќ потсети дека Хрватска е меѓу првите што веднаш го намалија зголемувањето на цените за евросупер, евродизел и синиот дизел

Хрватската влада во понеделник ќе излезе со конкретни мерки за справување со ценовниот шок, изјави денеска премиерот на оваа држава Андреј Пленковиќ.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ ја задолжија Европската комисија да подготви дополнителни мерки и алатки за намалување на цените на енергијата, а хрватската влада беше меѓу првите што воведе мерки за намалување на ценовниот шок изјави Пленковиќ кој учетвува на Европскиот совет и Самитот на еврозоната во Брисел.

Тој најави дека денес ќе одржи состанок на оваа тема и дека владата во понеделник ќе излезе со мерки за да спречи големо зголемување на цените што неизбежно би се случило со оглед на состојбата на пазарот.

Пленковиќ потсети дека Хрватска е меѓу првите што веднаш го намалија зголемувањето на цените за евросупер, евродизел и синиот дизел, како и за течниот нафтен гас за резервоари во цилиндри.

Мерки подготвува и Европската комисија

На крајот од Самитот, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, објави мерки за сите четири компоненти што ја одредуваат цената на електричната енергија – самото производство, надоместоците за преносната мрежа, даноците и надоместоците и трговијата со емисии.

Овие мерки вклучуваат државна помош за производителите на електрична енергија и закон за подобрување на продуктивноста на мрежната инфраструктура. Што се однесува до даноците и надоместоците, ситуацијата значително варира од земја до земја, при што некои земји имаат повисоки даноци на електричната енергија отколку на гасот, што е неодржливо, рече фон дер Лајен.

„Ќе предложиме намалување на даночните стапки на електричната енергија за да се осигураме дека даноците на електричната енергија се пониски од даноците на фосилните горива.“ дополни таа

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни