Хрватска има најчисто море во Европа

Анализата на квалитетот на морето на Еуростат од 2023 година покажува дека дури 99,1% од местата за капење во Хрватска имаат одлична чистота на морето, што ја става Хрватска на прво место во споредба со другите четири медитерански земји. По Хрватска следат Грција (95,8%), Шпанија (92,2%), Италија (90,6%) и Франција (76,3%).

Истражувањето опфати 27 земји-членки на Европската унија, Швајцарија и Албанија. Првото место го зазеде Хрватска, а потоа Грција, Кипар и Австрија.

Во хрватскиот дел на Јадранско Море има 718 острови, 389 островчиња и 78 гребени  правејќи го хрватскиот архипелаг втор по големина во Средоземно Море, веднаш по грчкиот. Од 718-те острови само 47 се населени, се зема во обзир на островот да живее макар и еден човек. Островите во Хрватска се населени уште во античко време, на пример Хвар е населен околу 3500-2500 година пред нашата ера.

Хрватските острови го кријат изгубениот свет на живи фосили. Откриени се нови родови на планктонски ракчиња, преживеани примероци на долго исчезнати видови, во јамите на Хвар и Корчула.

За морето во Хрватска пишуваше и американскиот магазин Travel + Leisure. Тие пишуваат дека малата земја, лоцирана покрај Јадранското Море, го запрепастила светот со своите импресивни резултати.

„Ако пливањето или пловењето во неверојатно чистото море во Хрватска звучи како ваш летен сон, можеби ќе сакате да одите таму што е можно поскоро. Хрватска е една од најдобрите земји во Европа за љубителите на плажите Речиси 50 милиони луѓе се собираат на нејзините брегови секоја година“, се вели во написот.

„Хрватска има повеќе од 2.736 километри крајбрежје на копното, со дополнителни 4.000 милји крајбрежје на острови и островчиња во Јадранското Море. Широко околу 193 километри, Јадранското Море ја дели Италија од Балканот и е познато по својата чистота“, додаваат тие.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни