Секоја година ИФФК „Браќа Манаки“ ви претставува откритие на фестивалот, независен филм кој нуди брилијантен режисерски и кинематограферски потфат, а оваа година тоа е ХРОНИКИ НА ЕДЕН СВЕТЕЦ СКИТНИК, составен дел од главната селекција на МАНАКИ 45, кој беше номиниран за три награди Независен дух и добитник на признанието Адам Јауч, во чест на починатиот член на „Бисти Бојс“ на фестивалот „Саут бај Саутвест“. Во аргентинско гратче, една побожна, но амбициозна жена одлучува да измисли дека доживеала чудо, со цел да ја прогласат за светица, ама секое чудо е за три дена.
📽️ https://www.youtube.com/watch?v=NqBEwCvj5G8