Хрка попладнево ќе ѝ се обрати на јавноста, утрово ја посетил лекар

Хрка утрово била посетена од лекар а според информациите на белградските медиуми, се очекува таа попладнево да ѝ се обрати на јавноста

Дијана Хрка, чиј син Стефан е една од 16-те жртви на уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад, единаесетти ден штрајкува со глад во близина на Народното собрание.

Утрово Хрка ја посетил лекар. Имено, таа се чувствувала слабо вчера, но сè уште не се откажува од штрајкот. Во моментов не е можно да се дознаат повеќе детали за нејзината здравствена состојба.

Според информациите на белградските медиуми, се очекува Хрка попладнево да ѝ се обрати на јавноста.

Асоцијации на универзитетски професори и соработници ги повикаа администрациите на сите факултети на државните универзитети во Србија да ја прекинат наставата деенсска и да и дадат целосна поддршка на Дијана Хрка и нејзиното барање за распишување избори и одговорност за сите кои се виновни за трагедијата. 

Тие исто така ги повикаа сите универзитетски работници и студенти, како и граѓаните, да дојдат тој ден пред српскиот Парламент во 11:30 часот за да ја поддржат и во 11:52 часот да му оддадат почит на нејзиниот син Стефан Хрка и на сите оние кои ги загубија животите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани.

Учениците од неколку средни училишта во Нови Сад најавија за денеска еднодневен бојкот на наставата во поддршка на Дијана Хрка и Миломир Јаќимовиќ и неговиот малолетен син кои штрајкуваат со глад веќе трет ден.

„Во земја каде што мајка го ризикува својот живот, затоа што и е одземено правото на вистината за убиството на нејзиниот син, а татко и неговиот малолетен син исто така штрајкуваат со глад, затоа што им е одземено правото на слобода на мислење, средношколците храбро и обединето стојат на нивна страна, на страната на правдата“, наведоа средношкколците во заедничкото обраќање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни