Христина и Мирко од Канал 77 за Трн: Се тетовиравме во живо за фановите

„Јас сум кројачот на вашата судбина“, со ведрина во гласот Марко како верен слушател на Канал 77 им се обрати на водителите на утринската програма Христина и Мирко. Марко е 10 илјадитиот следач на нивниот ТикТок профил. Откако сами си го поставија предизвикот да се тетовираат во живо додека водат програма на радио, а пренесувајќи го моментот на социјалните мрежи дојде моменти и да го прифатат.

„Со оглед на тоа што пробуваме некој нов концепт, а шоуто постои година и половина целиот процес за нас е експеримент. Откако влеговме во приказната на нашето шоу сфативме дека сè се случува на социјалните мрежи, па станевме дел од истите. Почнавме со Фејбук и Инстаграм, бидејќи и двајцата важевме од оние кои велеа дека нема шанси да отворат профили на ТикТок. Сепак се впуштивме во нештото, па не знаевме како функционира. Сепак сфативме дека ако ја презентираме нашата работа тоа ќе даде некаков ефект. Спојувајќи ги радиото и социјалните медиуми видовме дека на почетокот не заследуваа слушатели, а како што се ширевме на ТикТок се случуваше спротивното. Следачи почнаа да се наши слушатели. На почеток за нас беше фикција да стигнеме до 10 илјади“, велат Христина и Мирко за Трн.

Последниве месеци Христина и Мирко си ја сфатиле работата здраво за готово, па максимално се посветиле на ТикТок. Како што се приближувале до заокружување на 10 илјади следачи паднала одлуката и за предизвикот. Не споделуваат детали што им се тетоважите, но искрено велат дека си дале збор дека ќе дадат „жртва“ за еден ваков успех.

„Сето ова беше задоволство да се направи. Ние сме спремни да го направиме сето тоа што досега не е направено на радио во Македонија. И двајцата ставивме нешто многу лично. Многу често луѓето имаат тетоважа па го чекаат моментот, ние го имавме моментот, но ги немавме тетоважите. Размислувавме многу и се одлучивме за тетоважи кои се инспирирани од наши лични приказни“, додаваат Христина и Мирко.

Велат, радиото живее толку колку што е слушано. Ако тоа е така „Утринско шоу“ со Христина и Мирко на Канал 77 ќе живее уште многу долгу.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни