Покрај есенцијалните витамини и минерали, слаткиот компир е познат по тоа што е многу нискокалоричен, а како што пренесува Health Site, треба да се јаде во зима поради неколку причини.
Добар извор на влакна
Влакната се многу важни за варењето, не одржуваат сити и го спречуваат прејадувањето. Тие помагаат да се контролира желбата за храна.
Понизок гликемиски индекс
Ова го прави поздрава алтернатива на компирот, додека храната со висок гликемиски индекс може да го зголеми шеќерот во крвта.
Богата со хранливи материи
Поради оваа причина, слаткиот компир припаѓа на таканаречената суперхрана, содржи влакна, минерали и витамини, а нема многу калории.