Некои од наведените намирници се здрави, но ја имаат и „другата страна на паричката“. Колку пати сте се обиделе да го „измамите“ гладот со грицки или газиран пијалок, а набргу потоа сте почувствувале неконтролиран апетит?
Внесувањето на таканаречените празни калории, односно храна која не е хранлива, може да го „разбуди“ апетитот и да направи брзо да чувствуваме глад. Ако продолжиме да јадеме храна која нема нутритивна вредност, ќе го изгладнеме организмот и истовремено ќе добиеме вишок килограми.
Како што е наведено на веб-страницата на списанието Love Your Self, постојат неколку групи на храна кои спаѓаат во категоријата на оние кои го отвораат апетитот.
Солени грицки и бел леб
Рафинираните јаглехидрати го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Тогаш телото како одговор произведува поголема количина на инсулин за да создаде рамнотежа, но како што енергијата е „заклучена“ гладот почнува да се зголемува.
Не е ни чудо што во рестораните не пречекуваат корпи со леб и пецива од бело брашно на масата. Тоа е сигурен начин да ни го отвори апетитот додека чекаме да пристигне главното јадење. Истото е случај и со солените грицки.
Колачи и слатки
Шеќерот кој се наоѓа во колачите и слатките ги активира центрите за награда и апетит во нашиот мозок.
Деловите од мозокот кои не прават гладни се опуштаат по оброкот, но тоа не се случува кога јадеме нешто слатко. Хипоталамусот потоа продолжува да работи и испраќа сигнали до нашето тело да јаде додека не се наполни.
Јогурт
Иако содржи протеини и добри бактерии, јогуртот не е најдоброто решение кога сме гладни. Имено, џвакањето храна игра голема улога во тоа дали ќе се чувствуваме сити. Колку повеќе џвакаме храна, толку е помало нивото на грелин или хормонот на гладта.
Меѓутоа, ако сте љубител на јогурт, постои решение: додадете малку семки и овошје во овој пијалок. На тој начин ќе мора да џвакате, а влакната од семките и овошјето ќе ве одржуваат сити подолго време.
Белки од јајца
Повеќето нутриционисти ќе препорачаат внесување белки од јајца, особено за време на диета. Да, ретко кој ќе ве советува да јадете само белки, без никакви жолчки.
Причината лежи во мастите кои ги содржи жолчката, а кои, всушност, влијаат на ситоста, а се неопходни и за производство на хормони и апсорпција на витамините А и Б.
Пијалоци без шеќер
Многу луѓе се чувствуваат подобро кога ќе го видат натписот на шишето или лименката од пијалокот „нула калории“, но кога вештачките засладувачи ќе стигнат до јазикот, центрите за награди во мозокот „светнуваат“ и сигнализираат дека цревата очекуваат енергија, т.е. , калории.
Кога ќе го лишите телото од најавените калории, мозокот се обидува да ја поправи нерамнотежата. Затоа се случува откако ќе испиете пијалок кој не содржи калории, да бидете погладни од вообичаено.
Гума за џвакање
Ако мислите дека гумата за џвакање е совршен начин да го измамите гладот, се лажете. Чинот на џвакање го мами нашето тело да мисли дека го храниме.
Тоа значи дека во желудникот се мешаат стомачните сокови, па понекогаш боли, понекогаш почнува да надуе, а најчесто не провоцира да јадеме поголема количина храна.
Извор: lepotaizdravje.rs