Појадокот често се нарекува најважен оброк во денот. По добар ноќен одмор, му обезбедува на телото енергија и хранливи материи кои му се потребни за да се чувствува добро и здраво. Што точно вклучува еден појадок зависи од различните култури низ целиот свет. Но, најчесто вклучува житарки или ориз, овошје, а многу поретко зеленчук, белковински и млечни производи и пијалаци.
Појадокот се состои од поедноставна храна, односно храна која полесно ќе биде дигестирана, но сепак ќе ги содржи потребните енергетски состојки. Храната треба да содржи белковини, јаглехидрати, витамин А и витамин Д, како и умерени количества на калциум и железо.
Зошто треба да пиете вода по будењето?
Ако испиете чаша вода по будењето, на празен желудник, побрзо ќе се разбудите. Дури и слабата дехидрација може да ви го замати умот, бидејќи телото нема доволно вода за обавување на функцијата. Всушност, повеќето од нас наутро се благо дехидриран па затоа е неопходно денот да се започне со внесување на течности. Ако за време на работното време ви дојде дремка, повеќе ќе ви користи да испиете чаша вода отколку кафе. Добро е секогаш со вас да имате шишенце со вода.
Интегрални житарици
Еден од најдобрите начини да се разбудите побрзо и да добиете енергија е скоро секое утро во вашиот појадок да има интегрални житарици. Тие се богата со хранливи материи кои ќе ви помогнат да се чувствувате енергично, а со тоа и будно во текот на денот. Интегралните житарици се богати со влакна, кои помагаат да се регулира нивото на шеќер во крвта и да се чувствувате сити подолго време. Покрај тоа, тие се ниско калорични и богати со витамини и минерали како што се витамините Б, железо, магнезиум, цинк и витамин Е.
Кои житарки да ги изберете за појадок?
Овесна каша, каша од киноа или палачинки од цели зрна. Исто така во вашата каша може да додадете и ленено семе. На тој начин појадокот ќе ви биде уште похранлив, а вие ќе се чувствувате поенергично.
Не заборавајте на смути – измешајте овесна каша со банани и бадемово млеко. Со вакво смути ќе обезбедите енергија за голем дел од денот.
Храна богата со протеини
Протеините не само што помагаат во одржување на нивото на енергија, туку ве одржуваат и сити подолго време. Појадокот богат со протеини ќе ви помогне да останете фокусирани и будни во текот на денот.
Има многу вкусни намирници за појадок кои содржат протеини (не само животински, туку и растителни) кои ќе ви помогнат да се разбудите побрзо.
Која храна богата со протеини да ја изберете за појадок?
Јајцата се одличен избор, бидејќи ги содржат сите девет есенцијални амино киселини, што ги прави целосен извор на протеини. Покрај тоа за појадок можете да одберете грчки јогурт, јаткасти плодови, семиња и путер од јаткасти плодови.
Додавањето на повеќе протеини во вашиот појадок е лесен начин да си обезбедите дополнителна енергија наутро и да ви помогне да се разбудите побрзо. Со толку многу вкусни опции на располагање, нема оправдување да не почнете да додавате дополнителни протеини во вашата утринска рутина!
Зошто е важно овошјето да е дел од појадокот?
Овошјето содржи природни шеќери кои обезбедуваат брз извор на енергија, помагајќи ви да се разбудите побрзо. Исто така ви обезбедува витамини и минерали што ви се потребни за да го одржите вашето тело здраво во текот на денот.
Кое овошје е најдобро за појадок
Бананите се одличен избор за појадок, бидејќи се богати со калиум, кој помага во регулирање на крвниот притисок и ви дава енергија за цел ден.
Јаболката, портокалите и грејпфрутот се исто така одлични опции за појадок, бидејќи содржат витамини кои се неопходни за работата на вашиот мозок.
Зошто темното чоколадо е „будилник“ за организамот
Руски експерти препорачуваат да се консумира половина црно чоколадо секој ден, но поделотворно е тоа да го правиме наутро, оти тоа е високо калоричен производ што нè прави поенергични и попродуктивни, сметаат докторите.
„Ако јадете темно чоколадо со удел на какао од најмалку 50 отсто, тогаш просечната количина што треба да се консумира, е околу 50 грама на ден. Може да си каснете и повеќе, ако се занимавате со потежок физички труд или спорт“, смета проф. Алексеј Буверов, при Униврзитетот Сеченов во Москва, Русија.
Темното чоколадо е здраво и содржи поголема концентрација на какао и други полезни компоненти.