Храна која не смее да се подгрева во микробранова печка

Микробрановата печка е многу популарна и во повеќето случаи се користи за приготвување на некои едноставни јадења или подгревање, ако ја исклучиме стандардната подготовка на пуканки за филмска вечер. Бидејќи брзо се загрева, често се користи за одмрзнување храна.

Иако оваа рерна е совршена за подгревање, некои намирници не го трпат тоа. Со оглед на тоа што микробрановата печка ја загрева храната со помош на микробранови (од каде доаѓа нејзиното име), храната се загрева одвнатре кон надвор, што кај одредени намирници доведува до менување на составот за време на загревањето и стануваат штетни за нашиот организам.

Еве за кои намирници зборуваме:

1. Целер

Веројатно се прашувате – кој го подгрева целерот? Иако не се подгрева директно, тој е честа состојка во разни супи и чорби. Затоа, супата од целер затоплете ја на шпорет, а не во микробранова печка. Нитратите во целерот стануваат токсични кога се загреваат во микробранова печка.

2. Јајца

Иако омлетот е убав кога е ладен, некои луѓе имаат чудна навика да го подгреваат секое јадење. Меѓутоа, кога станува збор за јајцата, никогаш не смеете да ги подгревате во микробранова печка. Нутриционистите посочуваат дека на тој начин тие стануваат отровни. 

3. Спанаќ

Спанаќот често се користи како додаток во јадењата. Сепак, никогаш не треба таквите јадења да го подгревата во во микробранова печка. Нитратите во спанаќот по загревањето стануваат нитрити, па може да се отруете од нив.

4. Печурки

Печурките се многу чувствителни на топлина. Дури и кога се подготвуваат, не треба многу да се пржат или варат. Проблемот со печурките е што протеините, витамините и аминокиселините кои се наоѓаат во нив не се многу погодни за желудникот. Кога ќе претера со готвењето на печурките на висока температура, ситуацијата станува уште полоша, па нивното варење ќе биде уште потешко.

5. Компири

Веројатно не очекувавте дека компирите ќе се најдат на оваа листа, но како што можете да видите, тие се. Иако нема да ви направи проблеми, компирот при загревање го губи вкусот и хранливите својства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни