Хотел „Југославија“ срушен до темели (ФОТО)

Првите багери започнаа со рушењето на зградата на хотелот „Југославија“ во ноември 2024 година, и покрај бројните протести од страна на граѓаните кои се спротивставуваа на рушењето и нарушувањето на амбиенталната целина на раскрсницата помеѓу Нов Белград и Земун

Еден од препознатливите симболи на Белград, хотелот „Југославија“, денес е срушен до темели, а на негово место ќе се гради луксузен деловно-стамбен комплекс со два облакодери.

На урнатините на хотелот „Југославија“ работат градежни машини кои ги дробат остатоците и ги товарат во камиони.

Хотелот „Југославија“ беше продаден на 22. март минатата година на аукција по почетна цена од околу 27 милиони евра, а купувач беше MV Investment како единствен учесник на аукцијата, компанија во сопственост на Милениум тимот.

Првите багери започнаа со рушењето на зградата на хотелот „Југославија“ во ноември 2024 година, и покрај бројните протести од страна на граѓаните кои се спротивставуваа на рушењето и нарушувањето на амбиенталната целина на раскрсницата помеѓу Нов Белград и Земун.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни