Хорот „Мирче Ацев” ја освои златната награда на 13th World Peace Choral Festival

Хорот „Мирче Ацев” е првиот македонски хор кој настапи во живо во Musikverein, познатат златна сала во која се свири новогодишниот познат Виенски концерт и освои Златната награда на 13th World Peace Choral Festival. Дополнително хорот ја освои и наградата за најдобра изведба на класични музички дела.

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е формирано во текот на 1949 година, со одлука на Универзитетскиот одбор на Студентската младина на Македонија. Активностите на Друштвото започнале да се одвиваат преку Академскиот хор, Фолклорниот ансамбл, Академската сцена, Народниот и Изворниот оркестар, како и преку Детското фолкорно студио. Своите уметнички достигнувања ги презентира во нашата земја и во странство, постигнувајќи значајни успеси во афирмирањето на македонското културно творештво.

Фолклорниот ансамбл негува народни песни и ора од Македонија. Богатата ризница на народното творештво, создавана со векови на македонското поднебје, ја афирмира со учество на многу фестивали во Европа и во светот, добивајќи врвни признанија. Хорскиот ансамбл освоил повеќе први места на меѓународни фестивали, меѓу кои, во Ланголен и Мидлсброу, Англија. Академската сцена, со својата професионалност, ги победува и државните театри на некои фестивали на кои учествува, а видни резултати постигнува и Детското фолклорно студио.

Во досегашниот период, Друштвото успешно има настапувано во повеќе земји: Бигарија, Романија, Италија Австрија, Чешка, Грција, Англија, Франција, Ирска, Турција и многу други. За постигнатите успеси, АКУД „Мирче Ацев“ е добитник на Орден со сребрени зраци, доделен од Претседателот на бившата југословенска држава.

Друштвото е и организатор на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, кој традиционално се одржува повеќе од дваесет години, со учество на многу ансамбли од универзитетските центри во светот.

Во досегашното, над 70-годишно постоење, членувале над 7.000 членови, изведени се повеќе од 5.000 концерти, а настапите ги следела публика од над 5.000.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни