За настапот во Истанбул, хорот „Менада“ се претстави со програма која вклучува духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, кои ја отсликуваат богатата културно-музичка ризница на нашата земја.
Основан во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој го води хорот до денес, „Менада“ има добиено многубројни престижни награди и признанија на домашни и на меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи.