Хороскопски знаци заглавени во траголникот на љубовта

Многу луѓе ги избегнуваат љубовните триаголници, но некои сепак, намерно или случајно, често се наоѓаат во нив.

Според астролозите, следните три хороскопски знаци може да бидат склони кон љубовни триаголници:

Близнаци
Општо земено, Близнаците важат за исклучително харизматични, слободни, социјални и динамични. Различноста им е главниот животен зачин, па не поднесуваат монотонија во врската. Близнаците сакаат постојано да им се случува нешто во животот, што може да предизвика љубовни триаголници. Доколку не работат на емоционалната стабилност, постои ризик да се заљубат во две лица. Меѓутоа, кога ќе најдат личност која може да го следи нивниот животен ритам, со која ги имаат истите вредности, тие можат да бидат најлојалните и најпрекрасните партнери.

Вага
Познато е дека луѓето родени во знакот Вага се прилично неодлучни. Во исто време, тие сакаат романтика и сакаат да бидат сакани. Исто така, им е мило кога некој им посветува внимание и нежност. Особено на почетокот на врската, Вагите можат да бидат склони кон флерт и љубовни триаголници. Но, кога ќе се заљуби, Вагата целосно се предава на врската и партнерот – се труди тоа навистина да функционира.

Водолија
Водолиите ја сакаат слободата. Тие се необични, малку бунтовни и често водат прилично неконвенционален живот. Не сакаат да ги следат правилата и очекувањата на општеството, а сакаат и да поставуваат свои необични правила во врските. Генерално, Водолиите се големи обожаватели на отворени врски, што може да предизвика понекогаш да се најдат во љубовни триаголници. Но, кога ќе ја најдат вистинската личност за себе, тој ќе им покаже нови хоризонти на љубов.

Извор: mondo.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни