Некои луѓе едноставно се несигурни кога се во прашање договорите и ветувањата, а астрологијата тврди дека таквите луѓе најчесто се раѓаат под одредени хороскопски знаци.
Хороскопски знаци кои се склони кон прекршување на ветувањата и на кои треба да обрнете посебно внимание:
Близнаци
Близнаците се познати по својата непредвидливост и брза промена на интересите. Тие често даваат ветувања во налет на возбуда, а подоцна едноставно забораваат на нив или губат интерес.
Иако се добронамерни, нивната несигурност често води до разочарување кај оние кои се потпираат на нив.
Водолија
Водолиите се оригинални, креативни и често се фокусирани на сопствените идеи, што понекогаш ги прави помалку сигурни во секојдневниот живот.
Лесно забораваат што ветиле, особено ако тоа не им е од особена важност или ако во меѓувреме се појави некој поинтересен предизвик.
Нивната непредвидлива природа често води до ненамерно разочарување кај другите луѓе.
Стрелец
Стрелците сакаат слобода и авантура и тешко се држат до договори кои ја ограничуваат нивната независност.
Тие често даваат ветувања со искрена намера да ги исполнат, но штом се појави повозбудлива опција, нивните ветувања паѓаат на страна.
Токму оваа желба за постојано истражување ги прави неверодостојни.
Риба
Рибите честопати премногу ветуваат затоа што сакаат да ги задоволат сите околу нив.
Проблемот настанува кога ќе сфатат дека не можат да исполнат се што ветиле, па наместо јасно да го признаат тоа, претпочитаат да избегнуваат соочување со ситуацијата.
Ова создава впечаток на несигурност, иако нивните намери обично не се лоши.