Шкорпија
Шкорпиите воопшто не се грижат за чистењето на домот. Единствен исклучок што го прават е кога имаат некои ВИП гости, па тогаш се обидуваат да го одржат својот дом уреден.
Иако, дури и тогаш тие не се трудат премногу, бидејќи едноставно не им е гајле што ќе кажат другите за тоа како изгледа нивната куќа. Тие се целосно во стил: „Ако доаѓаш за да ми гледаш по ќошевите, не доаѓај кај мене“.
Реално, Шкорпиите воопшто не се заинтересирани за чистење на куќата, тие би сакале да гледаат серии, да играат игри, да се шегуваат со друштво или да гледаат телевизија. Тие претпочитаат да платат некого да им ја исчисти куќата отколку да го сторат тоа сами.
Лав
За Лав, чистењето на куќата е залудна задача. Неизмиените садови во мијалникот не се причина за грижа. Сигурно ќе го средат сето тоа во еден момент, а дотогаш рамнодушно гледаат во нередот. Лавовите секогаш го ставаат својот личен изглед на прво место, а потоа сè друго.
Ако Лав брза да оди на работа, тогаш неговиот приоритет нема да биде местењето на креветот или средувањето на куќата. Лавот ќе претпочита да ангажира некого да му помага со домашните работи додека тој се фокусира на заработка.
Јарец
Јарците не можат да се наречат немарни луѓе, особено не машките припадници на овој знак. Но, тие едноставно не сакаат домашни работи.
Тие би сакале да гледаат во телефонот или телевизорот со часови, а не да мрднат со прст за да исчистат нешто низ куќата.
Јарците се оние кои најчесто им ја делегираат работата за чистење на домот на своите деца. Јарците веројатно ќе ја исчистат куќата во одреден момент, но тоа мора да биде некаква екстремна итна ситуација што ќе го принуди Јарецот да го стори тоа сам.