Хороскопски знаци кои тешко примаат комплименти

Комплиментите се мали подароци од другите, но не секој знае да ги прифати со исто задоволство.

Некои луѓе уживаат во убавите зборови и често ги повторуваат во себе, додека други веднаш се чувствуваат непријатно, гледаат во земја или бараат оправдување зошто не го заслужуваат признанието.

Девица
Девиците се познати по самокритичноста. Кога ќе добијат комплимент, првото што им паѓа на ум е дека мора да постои некоја скриена причина или дека лицето преувеличува. Наместо да уживаат во пофалбата, често објаснуваат зошто не е сè совршено.

Рак
Раковите се емотивни и чувствителни, но им е тешко да поверуваат дека некој искрено мисли убави работи за нив. Нивната несигурност ги тера да комплиментите ги доживуваат како нешто што треба да го минимизираат или одбијат. Наместо „фала“, почесто ќе се слушне скромното „не е тоа ништо“.

Јарац
Јарците се навикнати на сериозност и работа, па комплиментите им звучат непотребно. Тие сметаат дека трудот се подразбира и не гледаат зошто некој би го истакнувал посебно. Похвалите им предизвикуваат непријатност, затоа им е полесно да зборуваат за достигнувањата отколку за сопствените добри страни.

Шкорпија
Шкорпиите тешко им веруваат на другите, па понекогаш комплиментите ги доживуваат како тактика или обид да се извлече нешто од нив. Кога ќе им се каже нешто убаво, често реагираат со доза сомнеж или дури со иронија. Нивната интензивна природа не им дозволува лесно да прифатат туѓа пофалба.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни