Хороскопски знаци кои не трпат конкуренција во љубовта

Мислевте дека сите хороскопски знаци се подеднакво љубоморни и посесивни? Во голема заблуда сте… Луѓето кои најмногу ги мачи љубомората, поради положбата на ѕвездите во моментот на нивното раѓање, се:

Скорпија
Овој факт не е изненадувачки, бидејќи во повеќето случаи тие се крајно посесивни кога станува збор за љубовта. Скорпиите се најдобар пример за екстремни љубоморни сцени и испади во јавноста.

Тие едноставно не можат да го контролираат ова чувство и со самата помисла дека партнерот може да им биде неверен, губат контрола над себе и не се плашат од последиците. Значи, тоа не е само безопасна љубомора, туку вистинска воена игра на страст, возбуда, измами и љубоморни сцени.

На Скорпиите, љубомората понекогаш им служи како афродизијак, бидејќи чувствуваат неверојатна привлечност кон личност за која другите покажуваат интерес. Како што покажува практиката, тие се толку театрални што многу често создаваат љубоморни сцени како оние во филмовите.

Бик
Бикот често знае да биде премногу заштитнички настроен и затоа е љубоморен. Сакаат да присвојуваат работи, а често и луѓе, па тешко го прифаќаат фактот дека нешто не е или не може да биде нивно.

Речиси во секунда им се затемнуваат очите и ги обзема чувство на љубомора кога мислат дека некој „фрлил око“ на нешто што е „нивно“. Во тие моменти секој обид да ги убедите дека грешат е залуден.

Од друга страна, Биковите се исклучително верни луѓе. Не дозволуваат никој да ги допира и погледне. Значи нема флертување, споделување и слично, исклучиво само фер-плеј.

Лав
Лавовите се многу горди на себе и на се што прават, вклучувајќи ја и љубовната врска што ја градат. Нивното пренагласено его не дозволува да бидат повредени, па понекогаш опсесивно бараат докази за измами и лаги од страна на нивните партнери, пишува Nezavisne.com.

Ако лавот почувствува дека му работите зад грб, никогаш нема да си прости (бидејќи не дознал на време), а потоа и на вас. За нив сè се врти околу прашањето на честа, која ја сметаат за неприкосновена. Иако понекогаш реагира многу бурно и нетактично, во повеќето случаи демне на страна и се обидува да ги надмине изливите на љубомора кои го обземаат.

Извор: nezavisne.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни