Има луѓе кои ќе се расправаат со вас, но безуспешно. А потоа се оние другите, оние кои ќе ве погледнат право во очи, ќе кажат нешто што знаете дека не е вистина…, но и покрај се ќе им верувате. Или барем ќе почнете да се сомневате во сопствената логика.
Некои хороскопски знаци едноставно имаат неверојатен дар за убедување. Тие не се нужно манипулативни, иако можат да бидат, но исклучително вешти во вербалната игра, емоционалното влијание и конструирањето на наратив што звучи толку веродостојно што веќе не сте сигурни која е вистината.
Близнаци
Близнаците се познати по тоа што зборуваат брзо, многу и убедливо. Нивниот мозок работи во неколку насоки истовремено, а способноста за брзо прилагодување и размислување им овозможува да го извлечат најдоброто од секоја ситуација.
Тие можат да ви објаснат зошто доцнат, иако знаете дека не се ни потрудиле да бидат на време, но приказната ќе биде толку интересна, шармантна и добро раскажана што на крајот само ќе кажете: „Во ред, нема врска“. Дури и кога знаете дека „ве влечат за нос“.
Вага
Вагите не влегуваат во расправии за да победат, барем не отворено. Тие влегуваат во расправија за да ве натераат да сакате да ја прифатите нивната гледна точка. Со нив нема ни да сфатите дека сте се предомислиле, се ќе се случи ненаметливо, непречено и речиси пријателски.
Вагата користи разум, стил и тактика. Изгледа смирено, учтиво, често се согласува со вас, пред да искаже сосема спротивно мислење, но толку внимателно што на крајот се прашувате дали воопшто сте биле во право. И најдобро од сè, нема да се чувствувате поразени. Само ќе кажете: „Можеби е така“.
Шкорпија
Шкорпијата нема да ве уверува гласно или категорично. Ќе ве погледне, слуша, ќе ви даде простор да мислите дека имате контрола, а потоа ќе каже една кратка реченица по која сè ќе ви изгледа поинаку. Нивната убедливост не лежи во зборовите, туку во верувањето. Тие знаат што мислат и го пренесуваат тоа со толкава сигурност што ќе помислите: ако се толку сигурни, можеби навистина е вистина.
Шкорпиите се интуитивни и знаат како да влијаат, емотивно, психички, дискретно. Во нивно присуство често се чувствувате како да сте ја донеле одлуката, а всушност само го следите нивниот ритам.