Хороскопски знаци кои и најмалата критика ја примаат премногу при срце

Раковите се повлекуваат во својата школка, анализираат секој тон и збор, и се прашуваат дали ве разочарале

Постојат хороскопски знаци кои на критика само ќе слегнат со рамената и ќе продолжат како ништо да не се случило. А постојат и такви кои по една реченица ќе почнат да ги преиспитуваат сите свои одлуки, ќе го анализираат тонот со кој им било кажано и ќе заспијат со мислата:
„А што ако навистина се во право?“

За нив, критиката не е само коментар, тоа е емоционален мини земјотрес. И не мора да биде злобна или јавно изречена – доволно е некој тивко да спомне дека нешто можело да биде малку подобро, и тие веќе размислуваат да се преселат на друг континент.

Рак

Раковите имаат нежно срце, огромна емпатија и неверојатна способност да се внесат во сè – па и во критиката. Ако им кажете дека нешто не било совршено, тие тоа не го слушаат како совет, туку како личен напад. Се повлекуваат во својата школка, анализираат секој тон и збор, и се прашуваат дали ве разочарале. Критиката ги боли подлабоко отколку што некогаш ќе признаат, бидејќи во сè што прават – вложуваат дел од себе.

Риби

Рибите можеби делуваат опуштено и мечтателно, но нивните емоции секогаш се будни и подготвени да реагираат. Критиката може да ги погоди дури и кога тоа не го покажуваат. Можеби ќе се насмевнат, но потоа ќе ве анализираат во тишина, ќе се прашуваат дали бевте искрени, повредени или во право. Тие не умеат да бидат рамнодушни – дури и најблага забелешка останува со нив со денови. Зошто? Затоа што им е грижа. Многу грижа.

Вага

Вагите сакаат да бидат сакани, ценети и прифатени – секогаш и секаде. Кога некој ќе ги критикува, тоа не го доживуваат како конструктивен коментар, туку како знак дека нарушиле хармонија. А тоа им паѓа тешко. Наместо да реагираат, тие често молчат, страдаат и се обидуваат да го „поправат“ тоа – иако можеби и немало што да се поправа. Критиката за Вагата значи дека нешто не е во рамнотежа – а тоа ѝ го нарушува целиот внатрешен свет.

Девица

Девиците сакаат прецизност, ред и квалитет. А најмногу од сè – сакаат да знаат дека сè направиле како што треба. Ако ги критикувате, нивната прва реакција не е напад – туку самокритика. Веднаш, внатрешно, и брутално. Иако можеби изгледаат ладни и смирени, секоја критика ја „расекуваат“ до срж, го преиспитуваат секој детаљ и бараат каде згрешиле. Затоа што – не им е сеедно. Никогаш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни