Хороскопски знаци кои често се заљубуваат во своите најдобри пријатели

Овен
Овните знаат дека нивната импулсивна и темпераментна природа, честопати ги прави малку напорни и тешки. Затоа покрај нив сакаат партнер кој ги разбира и поддржува безусловно – и покрај нивниот карактер. Овој огнен знак знае дека неговиот најдобар пријател го прифаќа целосно, со сите добри и лоши стани. Не е реткост да развијат повеќе чувства одеднаш и да ја пронајдат големата љубов во своите најблиски.

Близнаци
Близнаците се многу активни и комуникативни, а покрај нив им треба некој кој има исти интереси и кој се согласува со нив во бројни активности. Па кој би можел да биде подобар од вашиот најдобар пријател? Тој секогаш има „отворени уши“ за вас и секогаш е подготвен да е забавува. Не е ни чудо што Близнаците сакаат да се заљубуваат во својот најдобар пријател.

Стрелец
Стрелците ја сакаат својата слобода и претпочитаат да го поминуваат слободното време со своите пријатели. Бидејќи имаат исти интереси, речиси секогаш можат да нешто спонтано да направат со нив, или, пак, заедно да го истражуваат светот. Оваа едноставност и леснотија многу го импресионира Стрелецот, па лесно може да се случи о текот на времето да се заљуби во својот најдобар пријател.

Водолија
Водолиите важат за луѓе кои ја сакаат слободата и најудобно се чувствуваат кога во врската се на иста бранова должина како и партнерот. Кој најдобро ги исполнува овие критериуми? Најдобриот пријател, секако. Во негово друштво Водолијата може да биде таква каква што е, затоа, во потрага по љубов не е реткост таа да развие чувства кон својот најдобар пријател.

Извор: 24sata.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни