Хороскопски знаци кои најчесто ги избегнуваат обврските

Астрологијата тврди дека одредени знаци полесно одложуваат одговорности и бегаат од напор, особено кога задачите не им носат задоволство или мотивација.

Во секојдневието често се среќаваат луѓе кои постојано ги одложуваат обврските, избегнуваат одговорност или наоѓаат изговори за да не го направат она што мора. Според астрологијата, ваквото однесување понекогаш се поврзува со карактеристики кои се поизразени кај одредени хороскопски знаци.

Иако мрзеливоста и одложувањето можат да се појават кај секого, астролозите сметаат дека кај некои знаци постои поголема склоност кон пасивност и избегнување напор. Наместо акција, тие често избираат одмор или чекаат работите „сами да се средат“.

Еден од знаците кои најчесто се поврзуваат со ваков однос кон обврските е Бикот. Луѓето родени во овој знак се познати по љубовта кон удобноста и рутината. Кога ќе проценат дека некоја обврска не им носи директна корист или задоволство, лесно ја ставаат на чекање. Не сакаат брзање и притисок, па често избираат побавен ритам, дури и кога тоа значи одложување на одговорностите.

Рибите пак, често бегаат од реалноста во својот свет на фантазија, поради што секојдневните задачи знаат да паднат во втор план. Притисокот и строгите рокови им создаваат непријатност, па наместо конкретни обврски, избираат одмор, повлекување или чекање на „вистинскиот момент“ кој ретко доаѓа. Затоа неретко делуваат пасивно и незаинтересирано за обврските околу нив.

Иако сакаат внимание и признание, Лавовите исто така можат да избегнуваат задачи кои не им се доволно интересни. Ако некоја обврска не го храни нивното его или не им носи видлива пофалба, лесно ја препуштаат на другите. Најчесто ја одложуваат токму рутинската, секојдневна работа, сметајќи ја за досадна или недоволно вредна за нивниот ангажман.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни