Хоророт продолжува: Најмалку 35 лица исчезнаa во пожарите во Лос Анџелес

18 лица се исчезнати во областа на пожарот Итон, а шест во Малибу

Најмалку 35 лица се водат како исчезнати во пожарите кои ја зафатија областa Лос Анџелес, а за двајца луѓе се смета дека се мртви, изјави вчера началникот на градската полиција. Како што наведе тој, 18 лица се исчезнати во областа на пожарот Итон, а шест во Малибу, пренесува CBS.

Пожарникарите се уште се борат да ги контролираат четирите активни пожари во Лос Анџелес, од кои најголемиот пожар во Палисејдс зафатил 9.596 хектари. Пожарникарите контролират 17% од овој пожар откако избувна пред една недела, велат извори од противпожарната служба на Калифорнија.

Пожарот Итон, на север од градот, зафатил околу 5.700 хектари, и 35% од пожарот се под контрола, додека пожарникарите скоро целосно го изгасиле пожарот во Хурст.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, го повика новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп да ги посети областите на градот погодени од пожарите.

Трамп претходно го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и другите државни функционери за неадекватно управување со опасностите од пожарите и водоснабдувањето, пишува CNN.

За 92.000 луѓе сè уште важи наредбата за задолжителна евакуација, а дополнителни 89.000 жители се под предупредување за евакуација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни