Хорор во Конго: Во мртвачниците во Гома 773 тела по офанзивата на побунениците, мртви тела лежат и на улиците

Мртвачниците се преполни, а тела лежат и по улиците, се наведува во соопштението. Се додава дека од 26 до 30 јануари биле забележани 2.880 повредени.

Во мртвачниците на болниците во и околу градот Гома во источен Конго имало 773 тела до 30 јануари, по офанзивата на побунениците од групата М23, која ја поддржува Руанда, соопштило е во сабота Министерството за здравство на Демократската Република Конго.

Мртвачниците се преполни, а тела лежат и по улиците, се наведува во соопштението. Се додава дека од 26 до 30 јануари биле забележани 2.880 повредени.

Побунениците М23, кои ги води народот Тутси, во вторник го зазедоа Гома, најголемиот град во источен Конго и главниот град на провинцијата Северен Киву, во која се наоѓаат богати наоѓалишта на злато, колтан и калај. По тоа, тие се упатија кон Букаву во Јужен Киву, но во петок изгледа дека беа запрени од војската на Конго со поддршка од бурундските сили.

Добро обучени и професионално вооружени, побунениците М23 се најновата во низата побуненички групи што ги поддржува Руанда и кои се појавиле во нестабилните источни региони на Конго по две последователни војни кои настанале како последица на геноцидот во Руанда 1994. година.

Министерството за здравство на Конго соопштило дека има недостиг на медицински резерви, амбулантни возила и вреќи за тела, додека безбедносната ситуација продолжува да го отежнува пристапот до одредени делови на градот.

Реселеници се враќаат дома
Секојдневниот живот во сабота бавно се враќал во нормала во Гома, по интензивните борби кои според Обединетите нации довеле до кршење на човековите права, вклучувајќи погубувања без судење, бомбардирање на кампови за раселени, извештаи за групни силувања и друго сексуално насилство.

Побунениците М23 се обидуваат да покажат дека можат да воспостават ред и да управуваат со градот. Струја и вода, кои беа исклучени неколку дена, делумно беа враќени, а на жителите им било кажано дека училиштата повторно ќе започнат со работа и дека раселените луѓе ќе можат да се вратат дома.

Пазарите повторно се отворија, иако храната сè уште не е доволно, а многу тезги се празни. Еден купувач изјавил дека мобилниот интернет сè уште не работи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни