Творецот на Пенивaјз и Џек Торенс со години отворено зборува за филмови кои ги смета за ремек-дела на жанрот, како „The Descent“, „Final Destination“ и бруталниот римејк „The Last House on the Left“, за кој изјави дека е „најдобриот хорор на векот“.
Но постои еден филм што оставил толку силен впечаток на Кинг, што морал да го исклучи на половина – „The Blair Witch Project“.
Го гледал додека се опоравувал од тешка сообраќајна несреќа, но напнатоста и вознемирувачката атмосфера биле толку силни што морал да го замоли својот син да го исклучи.
„Можеби тоа е единствениот пат во животот кога прекинав хорор филм на пола, затоа што премногу ме беше страв да продолжам… Бев скроз надвор од себе“, изјавил тој за Bloody Disgusting, пренесува Far Out Magazine.
Ова искуство зборува многу, особено кога ќе се земе предвид колку Кинг самиот придонел за развојот на хорор жанрот. Реалистичната атмосфера, „пронајдените снимки“ и фактот дека чудовиштето никогаш не се прикажува – сето тоа го прави филмот длабоко вознемирувачки, дури и за најголемите мајстори на стравот.