Хонг Конг: Бројот на жртвите во пожарот се искачи на 44 – стотици хоспитализирани, 45 во тешка

„Во пожар во Хонг Конг загинаа 44 лица, а стотици се исчезнати. Пожарот брзо се проширил поради бамбусови скелиња. Истрагата е во тек.“

Бројот на жртвите во катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс во областа Тај По во Хонг Конг се искачи на 44, соопштија локалните власти. Огромниот пожар, кој за неколку часа се прошири низ седум висококатници, остави зад себе стотици повредени и 279 луѓе кои сè уште се водат како исчезнати.

Според лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, пожарот е ставен под контрола, но 29 лица и понатаму се во болница, од кои дел во тешка состојба. На терен биле распоредени повеќе од 100 пожарникарски тимови и десетици амбулантни возила, во една од најголемите интервенции во последните години.

Причината за брзото ширење на огнот, според надлежните, се бамбусовите скелиња поставени за време на реновирањето на зградите. Тие делувале како сув материјал што го забрзал пламенот и го направил пожарот речиси неконтролируем во првите минути. Властите изјавија дека брзината на ширење била „невообичаена“ и отворија кривична истрага.

Во меѓувреме, три лица се уапсени под сомнение за убиство од небрежност, додека полицијата ги утврдува сите околности кои довеле до најтешката трагедија во овој дел од градот во последната деценија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг упати сочувство до семејството на пожарникарот кој загина во интервенцијата и изрази солидарност со сите погодени. За луѓето кои останаа без дом, локалните власти отворија привремени засолништа.

Тај По, кој се наоѓа во северниот дел на Хонг Конг, во близина на границата со Шенжен, останува под силно полициско и инспекциско присуство додека продолжуваат истражните активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни