ХОМО на Игор Иванов ja доби наградата „Златен Козорог“

Фестивалска награда по десетти пат за ХОМО во режија на Игор Иванов. Филмот беше прикажан на овогодинешното издание на Тамил Наду Филм Фестивал, што се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај – главниот град на најјужната индиска држава.

Фестивалското жири му ја додели Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Сценариото за филмот го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни