Фотографија што се прошири со огромна брзина на социјалните мрежи ја откри „другата страна“ на Холивуд – онаа што ретко се гледа. Станува збор за слика направена по завршувањето на престижната филмска церемонија во Лос Анџелес, на која се гледа салата преполна со ѓубре, оставено зад гостите.
На фотографијата, направена во театарот „Долби“, се забележуваат шишиња вода, пакувања од храна, кутии од пуканки и други отпадоци расфрлани низ седиштата и подот. Сцената е во целосен контраст со гламурот што се прикажува за време на самата церемонија.
Објавата предизвика лавина реакции. Дел од корисниците на социјалните мрежи остро ги критикуваа присутните, оценувајќи дека ваквото однесување покажува недостаток на култура и почит кон просторот.
Особено се потенцираше лицемерието – додека многу познати личности јавно зборуваат за заштита на животната средина и одржливост, ваквите сцени оставаат спротивен впечаток.
Некои коментари дури ја опишаа фотографијата како „слика на срамот“, алудирајќи дека богатството и славата не секогаш значат и одговорно однесување.
Иако ваквите сцени не се реткост по големи настани, токму контрастот меѓу луксузот и нередот ја направи оваа фотографија толку вирална и предизвика широка јавна дебата.
Clean up on aisle ALL#Oscars pic.twitter.com/pVxS56QmRm
— Matt Neglia (@NextBestPicture) March 16, 2026