Сообраќајот на аеродромот во Ајндховен, на југот на Холандија, е повторно воспоставен по инцидентот со дрон, соопшти холандскиот министер за одбрана Рубен Брикелманс.
Претходно во саботата, министерот информираше дека воздушниот сообраќај бил целосно запрен поради присуство на неколку дронови во воздушниот простор над аеродромот.
„Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ајндховен штотуку е обновен“, напиша Брикелманс на социјалните мрежи. Тој додаде дека Министерството за одбрана презело соодветни мерки против дроновите, но дека не може да даде повеќе детали од безбедносни причини, пренесуваат РИА Новости.
Министерот го нарече ваквиот вид нарушувања на воздушниот сообраќај предизвикани од дронови — „неприфатливи“.
