Холандски полицаец беше ранет во престрелка за време на координирана европска полициска операција во Мастрихт, јави ДПА.
Во акцијата учествуваа стотици полицајци од Германија и четири други европски држави, при што беа уапсени 13 лица. Германската полиција ја предводеше операцијата, која беше насочена кон објекти во Северна Рајна-Вестфалија, но и во Белгија, Холандија, Полска и Шпанија. Полицијата изврши претреси во 32 станбени и деловни простории.
Според германските органи за борба против организираниот криминал, осомничениот за нападот врз полицаецот во Мастрихт е приведен, а повредениот службеник е во стабилна состојба со лесни повреди.