Холандски ловци Ф-35 пресретнале неидентификуван дрон

Холандија и Белгија наизменично, во циклуси од неколку месеци, ја преземаат задачата за надзор на воздушниот простор на целиот Бенелукс

Два борбени авиони Ф-35 на холандските воздухопловни сили беа полетаа вчера наутро за да пресретнат неидентификуван објект над холандскиот воздушен простор.

По интервенцијата, било утврдено дека станува збор за дрон кој брзо ја напуштил контролираната зона и не претставувал закана. Воздушниот сообраќај бил непрекинат, а авионите се вратиле безбедно во воздухопловната база Волкел, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Контролата на воздушниот сообраќај го активираше алармот во 10:20 часот наутро откако на радарот беше забележан непознат објект.

Авионот се движел на надморска височина на која идентификацијата и комуникацијата се задолжителни, но не се огласил преку радио или транспондер. Поради ова, од Станицата за контрола на воздушни операции во Ниув Милиген била издадена итна наредба за полетување, позната како тревога за брза реакција (QRA).

Иако ваквите интервенции не се случуваат често, инцидентот ја покажува важноста на подготвеноста, се вели во соопштението на министерството. Борбените авиони Ф-35 се во постојана готовност 24 часа на ден и можат да полетаат за неколку минути за да пресретнат кое било неидентификувано летало во воздушниот простор, се вели во соопштението.

Холандија и Белгија наизменично, во циклуси од неколку месеци, ја преземаат задачата за надзор на воздушниот простор не само на своите земји, туку и на целиот Бенелукс. Холандија повторно ја презеде оваа должност во ноември.

Пилотите од Холандија се водени од контролори на летање од Ниув Милиген, кои се во директен контакт со Заедничкиот центар за воздушни операции на НАТО во Удем, Германија, одговорен за надзор на воздушниот простор во североисточна Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни