Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека планира да потроши помеѓу 1,25 и три милијарди евра за зајакнување на анти-дрон системите, вклучувајќи дополнителни системи на анти-дрон топови, дронови за пресретнување, радари и противмерки за мали дронови.
Исто така, ќе биде засилена и заштитата на бродовите од напади со дронови.
Оваа одлука доаѓа поради тоа што постојано се забележуваат дронови над холандските воени бази.
