Холанѓанец трча од Амстердам до Киев за да купи амбулантни возила за Украина

Фото: REUTERS/Piroschka van de Wouw

Холандски ултратркач трча од Амстердам до Киев за да собере средства за добротворни цели и да покаже колку е блиску украинската воена зона до Западна Европа.

Боас Крахтвиг со својот подвиг започна на 22 јули и планира да помине 2.500 километри со трчање, односно да трча по околу 50 километри секој ден во период од 50 дена. Целта е да се соберат пари за купување амбулантни возила кои холандската добротворна организација Zeilen van Vrijheid (Едра на слободата) ќе ги однесе во Украина.

„Со трчање од Амстердам до Украина, можеме да покажеме колку е навистина блиска оваа војна и се надеваме дека ќе го привлечеме вниманието на луѓето и ќе собереме многу пари“, изјави Крахтвиг (28) за Ројтерс пред да тргне на своето патување.

Следен од неговиот менаџер и фотограф во караван – во кој ќе јадат и ќе спијат – Крахтвиг трча од 40 до 60 километри дневно, во зависност од растојанието помеѓу градовите.

Досега – по 10 дена и околу 500 километри трчање – Крагтвијк собра 22.000 евра преку неговата страница Ultra4Ukraine GoFundMe, речиси доволно за едно амбулантно возило, кое чини 30.000 евра.

Трчајќи кон исток, Крахтвиг ќе помине низ Берлин и Варшава и се надева дека ќе стигне до Киев во септември.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни