Хит песна што ја обожаваат децата крие проблематична порака – некои градинки ја забранија

Сè попопуларната песна „Sigma boy“ во изведба на руските блогерки Бетси и Марија Јанковскаја, иако на прв поглед звучи весело и заразно, предизвикува сè поголема загриженост кај родителите и стручњаците за нејзината скриена порака.

Песната се врти околу повторувањето на фразата „sigma boy, sigma boy“, промовирајќи лик на „посебно момче“ што сите девојчиња се трудат да го освојат, додека тој останува ладен, недостижен и дистанциран. Во преводен стих, како: „Толку сум посебен, што ќе ти треба година за да ме освоиш“, се препознава модел на емоционално недостапен, доминантен маж – слика што уште во најрана возраст наметнува патријархални стереотипи и нерамноправни односи меѓу половите.

Авторот на песната, Михаил Чертишчев, инаку татко на една од изведувачките, тврди дека текстот е беззначаен и дека станува збор за забавна и ритмична содржина. Но критиките не престануваат – меѓу нив е и германската политичарка и европратеничка Нела Рил, која повика на забрана на песната, оценувајќи дека се користи како „мека културолошка пропаганда“ за ширење проруски и конзервативни вредности.

Некои градинки веќе ја повлекоа песната од нивните плејлисти, предупредувајќи на потенцијалната штетност врз развојот на децата и нивниот поглед на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни