Ова лето, се очекува Гренланд да биде хит за Американците. Британски телеграф, пишува дека островот се подготвува за рекорден прилив на американски туристи, благодарејќи на американскиот претседател Доналд Трамп кој го привлече вниманието со својот план да ја преземе контролата врз територијата. Според туристичките агенции, бројот на заинтересирани туристи во САД кои сакаат да го посетат Гренланд се зголемил откако Трамп рекол дека САД мора да имаат контрола врз територијата.
Иако плановите на Трамп за островот предизвикаа негативни реакции од Данска и ЕУ, тие исто така кај многу Американци кои никогаш претходно не би го сметале Гренланд за дестинација, предизвикаа голем интерес.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/2170334-1.jpg)
Претставничката на туристичката агенција „Посетете го Гренланд“, Тени Пор, рече дека се надева оти туристичкиот сектор на островот ќе искористи дел од вниманието што моментално го привлекува оваа данска територија.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/2170334.jpg)
„Очите на светот се вперени во нас“, рече таа на саемот за туризам што се одржа во Рејкјавик.
Зголемување на бројот на американски туристи се очекуваше уште пред изјавите на Трамп, по отворањето на новиот аеродром во декември минатата година во главниот град на Гренланд, Нук. Американската авиокомпанија United Airlines ќе ги започне своите први директни комерцијални летови од САД до Гренланд во јуни, со полетувања двапати неделно од меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во текот на летните месеци. Се очекува по пристигнувањето на оваа компанија на островот, други големи авиокомпании да го следат примерот.
Скандинавската авиокомпанија САС ќе ги обнови летовите за Гренланд по повеќе од 20 години, додека Исландер, кој лета до четири дестинации на островот, рече дека коментарите на Трамп веќе имале позитивно влијание врз бројот на резервации.
Гренланд, самоуправна данска територија со население од 56.000 жители, привлече 140.000 посетители минатата година, а најголем број доаѓа од Данска, а потоа од Америка..