Хезболах одбива преговори со Израел

Хезболах ги отфрли преговорите со Израел, додека бројот на жртви во Либан расте и надминува 1.000 загинати.

Хезболах категорично ја отфрли можноста за преговори со Израел додека траат нападите, оценувајќи дека тоа би значело „капитулација“.

Лидерот на групата, Наим Касем, порача дека разговори „под оган“ не се опција.

Според либанското Министерство за здравство, од почетокот на март загинале над 1.000 луѓе, меѓу кои и деца, додека повеќе од милион се раселени. Израелските сили продолжуваат со напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан и предградијата на Бејрут, а во исто време изведуваат и копнени операции.

Хезболах тврди дека возвратил со ракетни напади врз северен Израел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни