Изложбата “Херојското доба на Хистрите” реализирана во соработка со Археолошкиот музеј на Истра, од утре е повторно отворена во Археолошкиот музеј во Скопје.
Изложбата ја претставува приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред новата ера и преку нивната материјална култура може да се види нивната интеграција во комуникациската и трговска мрежа со другите соседни региони и заедници кои во тоа време живееле на брегот на Јадранот и во регионот по реката Дунав.