Херој во последна секунда: Костески ѝ донесе победа на Македонија против Романија!

Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со девет гола,, пред Костески со 4, додека Ѓоргиев и Митев постигнаа по три

Македонската ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство, совладувајќи ја Романија со 24-23 во драматичен финиш. Пред 10.000 гледачи во Хернинг, Костески погоди со звукот на сирената и ги донесе трите бода за „црвено-жолтите“, кои ќе бидат во поволна позиција пред ждрепката за СП 2027.

Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со девет гола,, пред Костески со 4, додека Ѓоргиев и Митев постигнаа по три. Кај Романија, Нистор заврши со осум погодоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни